Маалскиот парк во Карпош 2, меѓу ул. „Никола Тесла“ и бул. „Илинден“ е место за рекреација на сите граѓани. 

Најмладите уживаат во поставените реквизити, а повозрасните во зеленилото, маалската библиотека и сл.
 Попладнево, активистите на Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia ја продолжија акцијата на Град Скопје и на дел од новозасадените дрвја им доделија имиња (по граѓани кои изразиле интерес). Сите сме одговорни за чиста и зелена општина.