Ве известуваме дека утре, (01.12.2021) година, ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје ќе изврши сечење на јавно зеленило (седум дрвја), кои што се наоѓаат на ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 49 – Скопје. При непосредниот увид на посочената локација, Јавното претпријатие утврди дека шест дрвја се целосно суви, а кај седмото е забележано дека, дел од кореновиот систем е надвор од почвата.

Според Образложението на  ЈП „Паркови и зеленило“, постои опасност некое од дрвјата да падне и да причини несакана материјална или друга штета.

 

За таа цел, Ве молиме да го отстраните Вашето возило, за да можат службите непречено да ја извршат својата работа.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО И СОРАБОТКАТА