Поради денешните неоснованите шпекулации кои се појавија  на социјалните медиуми, во врска со загревање на училишните простории на ООУ „Димо Хаџи Димов”, Општина Карпош реагираше и истите најостро ги демантира како неточни и тенденциозни.

 Имено, овој вторник (06.12.2016) година, поради дефект на системот за загревање, училишните простории на ООУ „Димо Хаџи Димов”, навистина останаа без греење и од таа причина, основците беа порано ослободени од училишната настава. Стручните лица веднаш интервенираа и во текот на истиот ден, дефектот со загревањето беше успешно отстранет. Тоа значи дека, уште наредниот ден, среда (07.12.2016) греењето во училишниот објект повторно профункционира и училишната настава оттогаш се одржува според вообичаената динамика. 
Оттука, Општина Карпош апелира до граѓаните, да се воздржат од  невистинити констатации и ги уверува, дека учениците од ова училиште ја посетуваат наставата во стандардни услови, што подразбира топли училници.