Денеска, секретарот на Општина Карпош, Бојан Милошевски отствари работна средба со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ – АД Скопје. На средбата беше договорено дека „Бетон“ ќе го одстрани целокупниот шут што се наоѓа во локалите кои се во нивна сопственост, кои се наоѓаат во Т.Ц. „Антико“ во населбата Карпош 4.

Во таа насока, Општина Карпош, ќе спроведе акција за чистење на платото на Т.Ц. „Антико“, вклучувајќи го и сутеренот каде што се наоѓаат овие локали.