Почитувани,
Ве информираме дека акцијата за намалување на потрошувачката на уличното осветлување е во тек. За сега целосно е завршена во урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Тафталиџе 1, Влае 1, Влае 2 и Злокуќани каде што во текот на ноќта свети секоја втора светилка.
Во урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу во најголем дел е завршено со овој зафат на штедење. Од среда ќе се работи на улиците Леринска и Ловќенска со сите нејзини краци.
Речиси целосно е завршена редукцијата на осветлувањето во урбаните заедници Пецо Божиновски – Кочо и Владо Тасевски. Во оваа месна заедница треба да се направат интервенции на улиците Бахар Моис и Њуделхиска, а во Жданец на улица Нерешка.
Во Бардовци завршено е со редуцирање на половина од уличното осветлување, а од среда ќе се работи на другата половина. Од среда се почнува со работа во Нерези, Тафталиџе 2 и Карпош 4 каде што се уште светилките се гасат во 1 часот по полноќ.
Екипите работат и на заштеда на светилките на кејот на реката Вардар каде во најголем дел работата е завршена.
Сакаме да ги информираме граѓаните дека секретарите на месните заедници се задолжени во ноќните часови да ги проврат сите интервенции на уличното осветлување и ако има неусогласеност со новиот систем на осветлување – да свети секоја втора светилка, треба да го известат секторот за екологија и енергетска ефикасност. Ги молиме граѓаните евентуални дефекти и оштетувања да ги пријавуваат кај секретарите на месните заедници.
Ви благодариме за разбирањето и поддршката
Со почит
Општина Карпош