Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека денеска, петок (17.12.2021) година, службите на

ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје ќе извршат сечење на три дрвја кои што се наоѓаат на

ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 30/1. Оваа акција ќе се спроведе, согласно решенијата

кои пристигнаа до општина Карпош:

14-6/289/2 од 19.05.2021 година

14-6/210/2 од 20.04.2021 година

14-6/156/2 од 09.04.2021 година

Образложение

Дрвјата кои се предвидени за сечење се целосно суви, каде при посилен ветер постои

опасност од нивно паѓање и предизвикување на материјална или друга штета.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО И СОРАБОТКАТА