Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во периодот од  14.02.2022 година ќе се изведуваат градежни работи на улица Варшавска за реализација на под-заем проектот  Реконструкција  на ул.“Варшавска“  (од улица “Лондонска“ до улица “Париска“) – УЗ Тафталиџе 1. Работите ги изведува фирмата ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, а инвеститор е општина Карпош. Овој проект се реализира со средства од под-заем од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот со цел подобрување на општинските услуги и  квалитетот на животот на локалното население.

Притоа Ве известуваме дека:

– Пристапот на учениците/децата /родителите и персоналот на училиштето/градинката ќе е овозможен на ул.Варшавска, бидејќи според Времениот сообраќаен режим е овозможено движење на истите.

 – Жителите својот пристап ќе го оставаруваат со тековна соработка со изведувачот односно истите ќе имаат времен прекин само кога ќе се работи во зона на пристапите при што ќе бидат контролирани рачно со луѓе со помош на знаменца и веднаш откако ќе се обезбедат безбедни услови за нивно пропуштање истите ќе бидат пропуштени и ќе продолжат да функционираат нормално во услови на зголемена претпазливост и со намалена брзина на движење.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи.

За дополнителни информации/прашања, Ве молиме да се обратите кај Ивана Стојановски, телефонски број 075/402-396 , од општина Карпош.