Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека акцијата за субвенционирање при купувањето на нови велосипеди која ја спроведе Општина Карпош е завршена. Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е окончана поради исцрпување на паричните средства предвидени во Буџетот на Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, заклучно од денеска, вторник, (08.05.2018) нема да ги зема в предвид сите новопристигнати апликации. Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми.