Општина Карпош започна со реализација на нов паркинг простор на улицата „Варшавска“ бр. 4, во Тафталиџе 1. Станува збор за површина која повеќе години беше руинирана и граѓаните беа приморани да паркираат во кал и прашина.

Со асфалтирањето на овој простор, ќе се спречи и дополнително загадување на населбата.

 

Исто така, во текот на летниот период локалната самоуправа ќе изврши и целосна реконструкција на улицата „Варшавска“, на потегот од кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“ до бул. „8 Септември“.

 

Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел од Карпош, во текот на наредните денови своите возила да ги паркираат на друга локација, со цел непречено и навремено завршување на градежните активности за изведба на паркинг просторот.