Во жестока конкуренција, скијачката двојка Мирко и Мила Лазарески од ООУ „Вера Циривири Трена“ успеаја да се искачат на победничкиот трон, на Државното првенство во алпско скијање за основни училишта, кое се одржа во Маврово, на 17 февруари оваа година.

Во машка категорија, Мирко го освои првото место, додека неговата сестра Мила ја освои бронзата во женска категорија. Во рамки на првенството кое го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија, учествуваа голем број ученици од повеќе основни училишта ширум нашата земја. Веќе неколку години наназад, близнаците од „Вера Циривири Трена“ се враќаат со медал на своите гради, успешно промовирајќи ги на спортски план своето училиште и општина Карпош.