Учениците од ООУ „Јан Амос Кoменски” заслужено го освоија златниот пехар на  минатогодишното натпреварување по електротехника. Во Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин”, свечено беше отворен шестиот по ред натпревар во знаење меѓу учениците од основните училишта од подрачјето на Град Скопје,  под мотото „Денови на Електротехниката”.

Во рамки на свеченоста по повод отворањето на манифестацијата, директорот на СУГС „Михајло Пупин”, Ефтим Пејоски им ги додели наградите на минатогодишните победници, тимот ученици од ООУ „Јан Амос Коменски” од Општина Карпош.  Награда за успешно менторство  доби и професорот по физика Рада Стаменкоска. Општина Карпош се  гордее со постигнатиот успех на учениците.