Четвртоодделенката Теодора Наумовска од ООУ „Вера Циривири – Трена“ го освои првото место во дисцината 50 метри „градно“ и второто место во дисциплината 50 метри „делфин“, на Државниот пливачки митинг, кој се одржа минатиот четврток (01.06.2017) во Куманово.

Младата карпошанка постигна извонреден резултат на државно ниво, натпреварувајќи се во категорија од прво до петто одделение. Спортскиот настан го организираше Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, каде што учествуваа ученици од повеќе основни училишта ширум државава.