По врнежите од снег во текот на ноќта, зимската служба ангажирана од Општина Карпош интензивно работи на расчистување на улиците во надлежност на општината. Интервенирано е на клучните „критични точки“ во општината, во таканаречената „висока зона“ во населбите Жданец, Трнодол, Нерези, на мостот кај Бардовци и на улицата Ловќенска. Во моментот се интервенира на улиците Леринска и Загребска до Институтот за белодробни заболувања Козле. До сега не е регистриран застој и проблеми во сообраќајот. Во текот на ноќта и раните утрински часови ангажирани беа и комунални инспектори од општината кои ја следеа состојбата на терен.