Зимската комунална служба која ја ангажираше општина Карпош, синоќа и рано утринава го чистеше снегот на потешко пристапните улици.

Првенствено го расчистуваа коловозот во таканаречената „висока зона“ во општината, поточно во населбите Жданец, Трнодол и Нерези, како и во с. Бардовци и на улица Ловќенска.
Ги потсетуваме граѓаните и сопствениците на трговски локали, да бидат одговорни и да го расчистат снегот кој се наоѓа пред нивните објекти.