Денешната 63 седница на Советот на Општина Карпош помина во конструктивна атмосфера. На дневен ред беа шест точки, а на самиот почеток градоначалникот Јакимовски предложи дополнување на дневниот ред со уште една точка – советнички прашања.

По усвојувањето на предлогот на првиот човек на локалната самоуправа, ниту еден од советниците на позицијата, ниту пак на опозициската СДСМ не ја искористи можноста да постави прашање, да даде предлог или сугестија до градоначалникот на Карпош.

 

На оваа седница, советниците ги изгласаа двата  Детални урбанистички планови кои се однесуваат за Градската четврт Север-северозапад 01 во населеното место Злокуќани и за Градската  четврт  З 09 во урбаната заедница Владо Тасевски помеѓу бул. Партизански одреси, ул. Франклин Рузвелт, бул. Македонија и бул. 8ми Септември. По презентацијата на планската документација од стручните лица на планерската куќа  „БИЛД“, во дискусијата учествуваа советничката Добрила Андоновска од ГРОМ и независниот советник Панче Стојановски, додека советниците од СДСМ не покажаа никаков интерес по овие точки.

 

На седницата беа усвоени и останатите предлог-точки кои се однесуваат на Предлог-Одлуката за воспоставување на соработка меѓу Општина Карпош и Градот Скопје за изработка на заштитно-конзерваторски проекти, а со иста динамика беше усвоен извештајот за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на полициската станица од Карпош за 2016 година.

 

Повеќе на следниов линк.