Целосно се раззелени јавниот простор во Долно Нерези, кај „воените“ кули. Општина Карпош засади 270 украсни растенија, со што се подигна нова зелена уредена површина и во овој дел од населбата.

 

Исто така, поставен е и нов систем за наводнување, за поефикасно одржување на зеленилото и негова поголема функција во апсорбирањетo на штетните честички кои загадуваат.

 

Оваа сезона, локалната самоуправа сериозно работи на обнова на меѓублоковското зеленило и поставување на автоматски системи за наводнување.

Во изминатиов период, се работеше на нови зелени површини и системи и во Карпош 2 (спроти Драмски), во Карпош 3 (средишниот дел на „Лептокарија“) и Тафталиџе 2  (на ул. „Женевска“).

 

Во финална фаза е и облагородувањето на јавниот простор во Карпош 1  (на ул. „Иван Аговски“), каде што веќе се засадија украсните растенија и нова тревна површина.

 

Во претстојниот период, ќе се постави и нов систем за наводнување на зеленилото меѓу зградите на улицата „Московска“, во близина на пазарчето во Тафталиџе.

 

Општина Карпош продолжува со секојдневните активности за надоместување на изгубеното зеленило и уште поголема заштита на јавниот простор и животната средина.