Во консултација со нутриционисти надлежни во делот на исхрана на градинките од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ и д-р Александар Митов детската градинка „Мајски цвет“, во Општина Карпош, направи измени во исхраната на децата, поточно во ужинките и додатоците на главните оброци.

             Кондиторските производи сега се заменети со поздрави оброци кои ќе овозможат правилен раст и развој на децата, но и подигнување на стандардите и постепено воведување на „нова култура“ во исхраната на најмладатата популација. Така, од сега натаму, децата ќе јадат пченичен интегрален леб од обработени зрна (малтозна пченица, пченични зрна, пченични трици, пченични снегулки и малтозен јачмен), пченкарен леб од пченкарно и пченично брашно збогатено со сончогледово семе, интегрален леб со микс од зрна (семки од тиква и сончоглед, ржани и овесни снегулки, ленено семе, малтозен јачмен, пченични трици, никулци, семе од афион), житни снегулки (овесни, пченични, ржани и јачменови)Салатите ќе бидат свежи, зачинети со хималајска, кристална сол, ладно цедено маслиново масло и балсамико оцет.

           Ужинките се тазе приготвени во кујната на градинката и тоа најчесто се мафини со мелени семки од тиква, сончоглед, сусам и лен, чоколадни бомбици со урми, суви сливи, овесни снегулки, мелени интегрални бисквити, мед, какао, цимет, семе од коприва валкани во кокосово брашно, бомбици од пченица, мелени ореви и интегрални бисквити со суво грозје валкани во ореви, сутлијаш со цимет и рогач, пудинг со сецкано овошје, овошен јогурт со свежо блендирани банани и малини. Во ивој дел од усхраната се воведува бобичасто овошје (малини, капини, аронија), како и оризови галети и експандирани житарки.

Намерата на локалната самоуправа е овие измени во исхраната на децата да продолжат и во другите градинки на територија на Карпош. Со тоа Општина Карпош

продолжува да работи на создавање подобри услови во предучилишното образование. во ужинките, во согласност со Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца.