Веќе подолго време се узурпира зелената површина која се наоѓа во околината на ул. Вич бр.24,26 и 28 во УЗ „Карпош 4, од несовесните граѓани. Најчесто тука недозволено се паркираат автомобили, но, исто така во опасност се и пешаците кои се движат по патеката.

 

Заради зголемување на безбедноста на пешаците и заштита на зеленилото во овој дел, Општина Карпош денеска постави метални столпчиња со кои се заштитува овој простор.