Општина Карпош постави заштитни столпчиња долж улицата „Њуделхиска“ во  урбаната заедница Владо Тасевски. 

Оваа улица во изминатиот период целосно беше реконструирана и проширена, со што се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Дополнително, локалната самоуправа постави столпчиња на еден од тротоарите за да се олесни движењето на пешаците и да не се узурпира тротоарот со паркирање на возила.