Со цел да се спречи паркирањето на зелена површина, Општина Карпош постави нови столпчиња на улицата “Бледски договор”, пред Градската општа болница “8-ми септември”.

Нови столпчиња се поставуваат и на тротоарите пред повеќе основни училишта во Карпош, за да се овозможи побезбедно движење и сигурност за учениците во новата учебна година.

Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на зголемување на безбедноста на пешаците и ослободување на зелените површини од возила.