Општина Карпош спроведува активности за поставување заштитни столпчиња на пешачките патеки, со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и да се обезбеди непречено движење по јавните површини. 

Во текот на вчерашниот ден, заштитни столпчиња беа поставени во околината на спортскиот центар „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан). Со оваа интервенција се спречува узурпацијата на пешачките површини и нивното користење за непрописно паркирање автомобили. Јавниот простор треба да им служи на граѓаните, а пешачките патеки да бидат безбедни и слободни за движење, особено за децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. 

Општина Карпош ќе продолжи со поставување заштитни столпчиња и на други локации каде што е утврдена потреба од ваква интервенција.