Најдобрите ученици спортисти вчеравечер отпатуваа на заслужен одмор во Тиват, Црна Гора, кадешто ќе одмораат и ќе се дружат. Дел од  традиционалното патување се победниците во општинската спортска лига, фудбалерите од ООУ „Аврам Писевски“, одбојкарките од ООУ „Петар Поп Арсов“ и кошаркарите од ООУ „Димо Хаџи Димов“.

Наградно патување добија и одбојкарките од ООУ „Димо Хаџи Димов“ за освоеното прво место на државно ниво како и вицешампионите во ракомет од истото училиште на државно ниво.

Петдневниот одмор на спортистите ќе им донесе голем број познанства и другарувања, разни спортско-рекреативни активности како и пријателски натпревари во истите спортови со своите врсници од општина Тиват.