Трета година по ред,  почнувајќи од денеска до идниот петок ( 24-31 август),  ученици од  семејства кои се на социјалните маргини, кои учат во училиштата на територија на Општина Карпош,  со помош  на општината ќе одат на  еднонеделен летен одмор .

 Со финансиски средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа, вкупно  43 основци , придружени од 10 наставници- педагози, ќе престојуваат  во одморалиштето “Златно славејче” во Охрид.  На овој начин учениците во текот на заслужениот одмор ќе имаат можност да се дружат, да се рекреираат и  да се   одмараат на бреговите на Охридското езеро.