Општина Карпош во рамки на есенската акција за зголемување на зеленилото денеска засади 25 висококвалитетни дрвја, јавори и 15 туи, во населбата Нерези.

Минатата недела, на овој потег беа засадени и украсни растенија, со што значително се зголеми фондот на зеленило во овој дел од Општината.

 

Периодов беше засадено ново зеленило и во Карпош 3, околу ТЦ „Лептокарија“, како и во Влае 2, кај инклузивното игралиште.

 

Локалната самоуправа продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина и надоместување на изгубеното зеленило.