Комуналните служби на општината засадија уште 28 повеќегодишни дрвја на неколку локации низ Карпош. Нови стебла беа засадени во Тафталиџе, околу станбените згради во близина на пазаречето, Козле (меѓу зградите на ул. „Васил Чакаларов“), во Карпош 3 (кај City tower) и во Тафталиџе 2 (на ул. „Женевска“, во близина на ЗЕЛС).

 

Се садеа дрвја од видот: липа, јавор, јасен, гинко и туја. Сите нови садници се висококвалитетни, веќе развиени дрвја, со што нивната шанса за успех и развивање е многу поголема во споредба со малите садници.

 

Намерата на локалната самоуправа е постојано да го зголемува зеленилото меѓу зградите. Во последниов период се вложува и во системи за одржување на зелените површини, со цел истотите да бидат подолготрајни.

 

Ги повикуваме сите граѓани да бидат одговорни кон животната средина. Борбата за чист и зелен Карпош е заедничка.