Општинските комунални служби денеска засадија 20 висококвалитетни дрвја во рамки на зелениот и спортско – рекреативен центар кој е во процес на реализација а се наоѓа во состав  на училиштето „Лазо Трповски“ во Карпош 3.

 

Дрвјата се од видот јасен, јавор како и иглолисни, односно зимзелени стебла. Станува збор за повеќегодишни насади кои достигнуваат висина над три метри.

 

Општина Карпош го најави раззеленувањето на дворот, уште во моментот кога почна изведбата на спортските игралишта за кошарка, мал фудбал, сервис и ракомет.

 

Во оваа зелена и спортско – рекреативна зона веќе е завршено детското игралиште, а ќе започне и поставувањето на опремата за фитнес зона.

За поефикасно одржување на зеленилото, ќе биде поставен и систем за наводнување.

 

Локалната самоуправа продолжува да развива маалски центри во секоја населба. Станува збор за места кои овозможуваат спорт, рекреација и дружба за сите граѓани.