По повод, почетокот на пролетта  21. март,  колективниот постапувач за електричен и електронски отпад ,  батерии и акумулатори „ Елколект“,  денеска,  додели зимзелени садници, на ООУ „ Лазо Трповски“. Основците од ова училиште ги засадија зимзелените дрвја во училишниот двор.  Општина  Карпош  традиционално соработува со оваа организација која се  занимава со третирање на електричниот и електронскиот отпад. Донацијата е во рамките на  одбележување на „ Денот на пролетта“, односно подигнување на свеста за грижа и заштита на животната средина.