Денеска во СЦР „Никола Карев” започна дводневниот турнир во одбојка на песок за девојчиња, во кој учествуваат ученичките од осум училишта кои се наоѓаат на територија на Општина Карпош. Денешните квалификации ќе одредат, кои екипи ќе се сретнат во финалето кое ќе се одржи в четврток.  Во организација на Одделението за спорт при Општина Карпош, денеска се одиграа елиминационите натпревари, на кои беа постигнати следниве  резултати:

 
ООУ Христијан Тодоровски Карпош ” славеа против своите ривали од ООУ „Јан Амос Коменски “со резултат 2:1, ООУ „Лазо Трповски” беа убедливи против своите соперници ООУ„Аврам Писевски” со резултат 2:0, ООУ„Војдан Чернодрински” славеше против ООУ„ Петар Поп Арсов” со резултат 2:1 и ООУ „ Владо Тасевски” славеше со идентичен резултат 2:1 против ООУ „Димо Хаџи Димов”.