По прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, постапувајќи по наредбата на Министерството за здравство, денеска во основните училишта во Општина Карпош започна теренската вакцинација на невакцинираните ученици.

Вакциналните тимови ја започнаа вакцинацијата од ООУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 каде има 49 невакцинирани деца, како и во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4,  каде според евиденцијата не беа вакцинирани  38 ученици.  Вакцинирањето со МРП вакцина ќе продолжи  утре во ООУ „Владо Тасевски“ во Козле. Теренската  вакцинација низ 10-те основни училишта во Карпош ќе трае во наредните две недели.