Општина Карпош започна со редовната, пролетна дератизација на канализационите шахти во сите 14 урбани заедници.

 

Станува збор за активност која се спроведува два пати во текот на годината (на пролет и есен), а има за цел да ги уништи штетните глодачи (глувци) и инсекти.

 

Дератизацијата се врши со помош на специјални хемиски средства и примарната цел е да се спречи ширењето на заразни болести.

 

Оваа активност започна од урбаната заедница Карпош 3, а ќе се спроведе и во сите други населби.