Општина Карпош ги известува родителите чиишто дечиња годинава треба за првпат да тргнат на училиште, дека во текот на месец мај ќе започне уписот на првоодделенци со претходно закажани термини во училиштето, кај Комисијата за запишување на ученици. Имено, во прво одделение ќе се запишуваат деца коишто се родени во 2018 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, како и децата кои се родени до 31.01.2019 година, по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог. Согласно член 63 од Законот за основното образование на РСМ, основните општински училиштата на територија на Општина Карпош ги опфаќаат учениците од својот реон, утврден од основачот на училиштето, поточно со Одлуката за утврдување на реони на основните училишта  на локалната самоуправа.

 

 Оттука, родителите при уписот на детето во прво одделение треба да ја поднесе потребната документација, односно:

  1. Извод од матична книга на родените на ученикот (копија);
  2. Лична карта од родител/старател (копија);
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа;
  4. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
  5. Потврда од офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
  6. При запишувањето на дете со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.