Во денешната еко акција, која се реализираше во реонот околу ТЦ Лептокарија, учествуваа десетици граѓани, административци и волонтери. На акцијата се приклучија и градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот, Христо Саракинов, кои заедно со карпошани дадоа свој придонес во чистењето на просторот.

Заедничките акции се доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме конкретна промена во средината во која живееме. 

Благодарност до сите граѓани, административци и волонтери за поддршката и учеството.

Продолжуваме за две недели, на друга локација!