Општина Карпош ја заврши пролетната акција за засадување на нови висококвалитетни, израснати дрвја во повеќе урбани заеднициКарпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Тафталиџе, Нерези, Бардовци и Козле.

 

Засадени се повеќе видови на листопадни дрвјајасен, јавор, ginkgo biloba и липа, како и зимзелени: thuja smaragd и libocedrus decurens.

 

Со оваа акција се заокружи садењето на вкупно 287 садници.

 

Дополнително, во изминатиов период хортикултурно се уреди и платото кај Порта Влае, во Карпош 3, како и дворот на градинката „Мајски цвет“ (Тафталиџе 2)  и дворот на новата градинка „Виножито“ во Бардовци.

 

Локалната самоуправа опстојува на определбата постојано да се зголемува зеленилото во Карпош, плански и рамномерно, во сите урбани заедници.