Градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Совет, Христо Саракинов, денска присуствуваа на завршниот ден од ликовна колонија ,,Нерешки мајстори”, која се одржуваше во амбиентот на црквата Св.Пантелејмон во Нерези.  

Во рамки на тридневната колонија, десет реномирани академски сликари создаваа свои уметнички дела инспирирани од духовното, културното и природното богатство на овој значаен локалитет. 
„Денеска сме сведоци на  прекрасни ликовни дела кои произлегоа од талентот, креативноста и  вештите раце на  уметниците, инспирани од спонтаната атмосфера која ја создава природата и ова величенствено  опкружување во црквата Св. Пантелејмон – истакна Лукоровски.
Во знак на благодарност и добра соработка, учесниците ги донираа своите дела на Општина Карпош, со што значително ќе се збогати општинската уметничка колекција. По тој повод, градоначалникот Лукровски на сите учесници им врачи благодарници за нивниот придонес и учество на ликовната колонија.
На ликовна колонија ,,Нерешки мајстори” учествуваа: 
• Владимир Лазоски,
• Данчо Ордев,
• Емилија и Стојче Тоциновски,
• Даниела Илиевска,
• Соња Поповска Трајковска,
• Сара Поповска,
• Зоран Бошковски,
• Ахмед Кадри,
• Христина Стојчевска,
• Мики Трендафиловски.
 
Општина Карпош, преку Програмата за култура, во континуитет останува посветена на поддршката и афирмацијата на културата и уметноста кои придонесуваат за збогатување на животот во Карпош.