Се забранува пиење на водата од јавната чешма во џамијата Горно Нерези, како и јавната чешма до џамијата Горно Нерези, како резултат на извршен инспекциски надзор на вода за пиење од страна на Државниот инспектор за храна од Подрачна единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

По извршениот инспекциски надзор, утврдено е дека водата не е безбедна за пиење, односно не одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, заради присуство на бактеријата Escherichia coli и зголемен број колиформни бактерии.

 

Како мерка на претпазливост апелираме до сите граѓани да ја почитуваат оваа одлука, со цел да го заштитат своето здравје.

 

Локалната самоуправа веќе го известува локалното население за оваа одлука, а непосредно до чешмите ќе се постави и натпис „Водата не е за пиење“.

Општината доби и задолжение да врши редовна дезинфекција на водата за пиење и да спроведе мерки за санација и обезбедување на безбедна вода за пиење.