Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Општина Карпош и Здружението за родова еднаквост „Една може“ со креативен пристап сакаат да потсетат на историскиот, но и актуелниот момент во борбата за општествена позиција, за работните, социјалните и воопшто човековите права на жените.
Историските почетоци на борбата за родовата еднаквост датираат од пред повеќе од 11 децении, односно над еден век, но таа ниту оддалеку не е завршена, ниту правата се остварени во целост. Но, и тогаш и денес, константен потсетник на непостигнатото се протестните маршеви, точно на 8 Март, преку кои постојано се актуализира некое ново и нарушено право, еден нов општествен предизвик на патот кон целосна рамноправност. Некогаш беше право за глас, потоа право за власт, но секогаш борба за достоинство, за човекови слободи и права.