Под покровителство на швајцарската агенција за развој „CIVICA MOBILITAS” , невладините организации „Акција здруженска’’ и „Една може’’ спроведоа анкетен проект „Жените буџетираат’’ на територијата на Општина Карпош.

На платото во ТЦ „Лептокарија’’, вработени во овие невладини организации анкетираа граѓанки од оваа локална самоуправа, сé со цел да добијат репрезентативен примерок за информираноста на граѓанките од Карпош  како се распределуваат буџетските средства на Општината.

 

–                    Нашата цел е да дознаеме, колку граѓанките се запознати со буџетот на една локална самоуправа, односно како Општините ги распределуваат буџетските пари, за кои проекти и колку жените се вклучени во креирањето, спроведувањето и распределбата на буџетските финансии, нагласи извршната директорка на „Акција здруженска’’  Марија Савовска.

 

 

 

Анкетираните граѓанки даваа свои предлози и идеи, кои потоа репрезентативно ќе им бидат претставени на Општините опфатени со овој проект.

 

Извршната директорка Савовска, напомена дека ова е втора година по ред, како овие невладини организации го спроведуваат овој проект, а годинава освен на територијата на Општина Карпош, проектот се спроведува и во Општините: Центар, Кавадарци, Радовиш и Струмица.