Општина  Карпош  започна  со есенското  хортикултурно уредување од плоштадот „Делфина“ во Влае. На овој плоштад од вработените во Одделението за заштита на животната средина и природата при Општина   беа засадени 2.500 парчиња од цвеќето  „Viola tricolor“, како и 1.000 парчиња „ Brassica“ и 1.000 парчиња „ Hrizantema“, во зелена, бела и виолетова боја.

 Оваа акција на  есенско цветно аранжирање и разубавување на зелените површини ќе продолжи и во наредниот период, на сите плоштади кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош.