Одделението за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, денеска спроведе редовна хортикултурна акција, за обнова на цветниот расад на територија на локалната самоуправа.

По тој повод, на кружниот тек на улица Варшавска, во близина на СУГС Георги Димитров се насадија 2.500 украсни цветни насади од типот љубичица – Виола Триколор.