Оваа летна ноќ, карпошани имаа можност вистински да се разиграат и да уживаат. Поранешниот фронтмен на групата „Морал“ и познатиот поп рок пејач, Влатко Илиевски енергично на сцената, ја потсети публиката на своите хитови, а ги претстави и новите песни од издаденото цеде.

Влатко на вистински начин покажа колку ги почитува карпошани, кој со својот креативен и динимаичен начин на изведба, ја крена публиката на нозе и одржа вистинско концертно уживање. Рок пејачот ја докажа својата професионалност во она за што навистина го сака и го работи. За оваа вечер да биде уште поинтересна и побогата, беше пропратена од пријателите на Влатче кои заедно со него испејаа по неколку песни. На сцената се качија познатите момци од групата „Морал“, Марко-Кума, Јана Стојановска, Ристо Самарџиев и Виктор Апостоловски, кои беа пропратени од лајф бендот Акустик Дивижн. Културното летно релаксирање започна со “младите“ бендови D.U.D.E. и „Црвена Ципела“, кои го најавија концертот на Влатко Илиевски.

Овогодинешното издание на Карпошово културно лето со богата програма. Утрешниот термин е резервиран за етно вечер предводен од КУД „Мирче Ацев“.

Ве покануваме да и дадеме нова димензија на новата вечер.