Учениците од петто одделение од ООУ „Владо Тасевски“, во знак на зачувување на животната средина и потребата за чист воздух, во својот училишен двор засадија елка.

Учејќи од мали дека дрвјата се белите дробови на планетата Земја, тие како вистински љубители на природата, придонесоа за почист воздух во својата Општина и Градот. Со оваа еколошка активност, тие ја испратија старата и посакаа во Новата година да се подигне свеста кај повозрасните за поголема грижа за околината. Петооделенците ја покажаа хуманоста кон природата па така, засадената елка претставува новогодишен подар но и решение за почист воздух.