Основците од ООУ „Јан Амос Коменски“, на неодамнешниот натпревар по електротехника, го освоија првото место. Победничкиот тим, кој го сочинуваа учениците Андреј Николиќ, Алексеј Кубелка и Теодора Поповиќ, а предводен од менторот по физика, Рада Стаменкоска, се закитија со златни медали на овогодинешниот натпревар, кој се одржа во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

И покрај многубројните учесници, електротехничари од 35 основни училишта од главниот град, сепак тимот на ООУ „Јан Амос Коменски“, со награда го потврди совладаниот материјал во текот на учебната година и секако беа наградени за вложениот труд и знаење кои го покажаа преку практични вежби во електротехниката,  кои ја посетија и хидроцентралата Матка.

Натпреварот, кој беше под покровителство на ЕВН Македонија,  беше под мотото „Денови на електротехниката“.