Минатата недела во просториите на Општина Карпош се одржа јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и за  Нацрт – Регионалниот план за управување со отпад за Скопски регион.

На јавната расправа беа презентирани главните наоди и заклучоци од процесот на подготовка на нацрт извештаите, предложените мерки и алтернативи од страна на консултантскиот тим ангажиран на нивна изработка. На расправата присуствуваа представници од општините: Карпош, Чучер Сандево, Ѓорче Петров, Сарај, Центар и Чаир .

Инаку,  темата на расправате се одвиваше во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион (EuropeAid / 136347 / IH / SER / MK)”, кој е финансиран од Европска Унија преку инструментот за претпристапна помош (ИПА). За таа цел подготвен е Нацрт – Регионален план за управување со отпад за Скопскиот плански регион и Извештај за Стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот.