Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“, реализираа одлична ЕКО- идеја.  Рециклираните пластични шишиња ги претворија во хранилки за птици, со што им помогнаа на птиците, полесно да ја пребродат студената и сурова зима.

Вредните рачиња на карпошовите ученици, изработените хранилки за птиците, ги поставија на крошните на дрвјата, со што им овозможија на птиците да се хранат во зимскиот период.  Основците од 4б одделение, од ова училиште, кое се наоѓа на територијата на Општина Карпош, со оваа извонредна акција, уште еднаш го потврдија статусот на училиштето Јан Амос Коменски за најдобра еколошка, образовна установа- зелено знаме.