Комуналната инспекција на Општина Карпош, заедно со овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари, во текот на вчерашниот ден направија инспекциски увид, на 35 правни субјекти, потенцијални загадувачи на воздухот и животната средина.

Станува збор за фирми, со седиште на територија на Карпош, кои вршат различни дејности, како: автомеханичарски услуги, вулканизери, перални на возила и отпади за складирање на секундарни суровини.

Од уводот на инспекцијата на Карпош, е констатирано дека е забележано на горење на отпаден материјал кој е загадувач  на воздухот и животната средина. Согласно законските прописи, Општината ги презеде сите мерки и случајот е проследен во Државниот инспекторат за животна средина.