Грижата за здрава и чиста животна средина е приоритет на Општина Карпош. Во насока на остварување на оваа цел, Општината има воспоставено соработка со колективниот постапувач “Нула Отпад” ДОО Скопје.

Во тој контекст, пред еден од најфреквентните делови во Општината, на влезот од  трговскиот центар „ Skopje City Mall“ е поставена првата „еко зона“  (голем контејнер) за отстранување на помали електрични уреди и електронски отпад.

Всушност, станува збор за придвижување на  поголема акција, организирано собирање на негабаритен и габаритен отпад од домовите на граѓаните. Електричниот и електронскиот отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство) граѓаните имаат можност да ги пријават кај назначените координатори, наменски определени за урбаните заедници во Карпош, по што, екипите на „Нула Отпад“ организираат директно собирање на овој специјилен отпад од домовите на граѓаните.

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека преку оваа акција се оневозможува дополнително загадување на животната средина и се прави превенција од создавање нови, диви депонии.

-Ги повикувам граѓаните да се приклучат кон оваа акција. Да го пријават електричниот и електронскиот отпад, но, и да се ослободат од малите неисправни уреди – батериите, фрлајќи ги во наменските садови поставени во Skopje City Mall, рече Богоев.

                      Марјанчо Дамескидиректор на „Нула Отпад“ ги повтори целите на акцијата, со надеж дека вакви еко зони ќе бидат поставени и на други локации во Општина Карпош и во Град Скопје.

Со оваа еко – акција, Општината ги исполнува обврските  во рамки на законските надлежности, согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпад на електрична и електронска опрема.

Граѓаните можат да го пријават електронскиот отпад на т.н. „еко линијата“:

070 – 236 – 000.

Општина Карпош и во претстојниот период активно ќе придонесува во заштитата на животната средина, преку синхронизирани акции и проекти со сите засегнати страни.