Денеска во ООУ ,, Јан Амос Коменски’’ , Институтот за правно- економски истражувања и едукација  ,,ЈУРИДИКА ПРИМА’’ , одржа специјализирана едукација на тема ,, Семејството и правата на децата, како клучен фактор во образованието’’.  Д-р Ангел Ристов  доцент на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ Скопје, одржа предавање на првата тема ,,Современите тенденции во  брачните и семејните односи и нивното влијание врз развојот на децата‘’. 

Во втората тема ,,Правата на детето предвидени со Конвенцијата за правата на ООН со посебен осврт на социјалните права’’ , дискутираше докторантот м-р Душан Босиљанов, стручен соработник на Правниот факултет ,, Јустинијан Први’’, додека докторантот м-р Илија Манасиев, асистент на Правниот факултет во Скопје, предаваше на темата ,,Етиката во образованието и воспитувањето на децата’’. Помеѓу две предавања, се разви  интерактивна дискусија во која учесниците на семинарот разменуваа искуства со предавачите.