Започна реализацијата на бесплатните еднодневни излети за учениците од основните училишта во Општина Карпош. Од утре (5 мај) па се до крајот на овој месец, основците од прво до седмо одделение од десетте училишта, ќе посетат едукативен еднодневен излет на две локации и тоа Кучково и Пеленица-Драчево.

Ексурзиите кои ќе бидат пропратени со наставници-водичи, ќе ги посетат околу 4.365 ученика. Овие пролетни излети се дел од Програмата за образование за 2017 година.