Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.

Инфективното заболување е присутно кај едно лице – ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.

Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.

Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.

Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.

Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година.