Во училишниот двор на ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, младите истражувачи, ноќта на 03.10 (вторник) заедничка „ дружба со ѕвездите“  учествувајќи во работата на Центарот за космологија. Под раководство на г-дин Радан Митровиќ од Скопското астрономско друштво, преку неговиот телескоп, и со телескопот на „Креативниот центар – Карпош“ (КЦК), основците и останатите присутни можеа „одблизу“ да се запознаат со астрономијата.

Вечерта започна со краток вовед во астрономијата, а продолжи со набљудување на Месечината и планетата Сатурн. Оваа активност огранизирана од Креативниот центар Карпош, им овозможи дополнително надоградување на знаењето на основците во Карпош, и подетално спознавање на тајните на астрономијата.